Top Sport

Новиот британски премиер Сунак имал желба да го предводи тимот на Саутемптон

Риши Сунак, политичарот од Конзервативната партија кој наскоро ќе стане нов британски премиер на местото на Лиз Трас, е огромен навивач на Саутемптон и признава дека како дете сонувал дека ќе го предводи својот омилен клуб.

42-годишниот Сунак, кој има индиско потекло и е роден во Саутемптон, во текот на летото на еден митинг во Егзетер беше запрашан што била неговата желба во детството и што би сакал да работи доколку не е во политиката.

„На мојата листа на животни амбиции, барем кога бев дете, беше да бидам во еден филм од ‘Војна на ѕвездите’, така што тоа не беше нешто што ми беше достижно. Но, од друга страна, јас сум голем фубалски фан, и навистина би сакал да бидам во можност да го водам Саутемптон“, вели Сунак, чиј омилен фудбалер е легендата на клубот Мет Ле Тисие.

И неговата претходничка, Трас, имаше свој омилен клуб, Норич и беше обвинета дека потрошила речиси 2.000 фунти од државните пари во фан-шопот на клубот од англиската втора лига.

Новата британска премиерка потрошила 1.841 фунти државни пари во фан-шопот на Норич

Scroll to Top