Ферари повторно ја загуби титулата во Формула 1. Тоа не е ништо ново во последната деценија, но по толку големи очекувања во првиот дел од сезоната и по супер-брзиот болид кој го имаа на почетокот, почнуваат да се појавуват и „пукнатини“ во самиот тим.
Според италијанските медиуми односите меѓу шефот на тимот Маурицио Аривабене и техничкиот директор Матија Биното се „речиси непостоечки“ по падот во формата. „Кориере дела сера“ вели дека недостатокот на брзина на болидот на Ферари по летната пауза е директно поврзан со смртта на претседателот Серџо Маркионе, бидејќи тој го одржувал балансот во тимот, и по ова односите во италијанскиот тим се „распаднале“.
Според весникот, има два „тима“ во Ферари – на едната страна е Аривабене, а на другата Биното. Двајцата сакаат да имаат поголемо влијание во тимот. Дали ова е вистина не е возможно да се оцени, но „Кориере“ се обично добро информирани кога се работи за Ферари. Покрај ова, тука беше и шпекулацијата дека Аривабене, кој веќе е во бордот на Јувентус, може да добие нова задача од сопственикот на Ферари, Фиат и Јувентус, Андреа Ањели како спортски директор на фудбалскиот клуб по заминувањето на Бепе Марота.