Top Sport

Почина газдата на Ред Бул

Дитрих Матешиц, сопственикот на Ред Бул, почина на 78. годишна возраст. Веќе извесно време се шпекулираше дека Матешиц боледува од тешка болест и дека неговото здравје не е најдобро.

Матершиц во 1984 година ја основа компанијата за енергетски пијалаци, Ред Бул, со која влезе во светот на Формула 1 во последната деценија од минатиот век како спонзор на Заубер.

Во 2004 година, тој го купи тимот на Јагуар и го преименува во Ред Бул Рејсинг, шест години подоцна со Себастијан Фетел како возач, тимот ја освои првата шампионска титула.

Со Фетел четири пати ја освојуваше шампионската титула во конкуренција на возачи, но и во конкуренција на конструктори.

Покрај тоа, тој беше сопственик на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк Ред Булс и Лајпциг, како и на хокеарскиот тим РБ Минхен.

Scroll to Top