Top Sport

Бањаја е на чекор до титулата – Возачот на Дукати победи во Малезија

Франческо Пеко Бањаја победи на трката за Големата награда на Малезија, претпоследна во Мото ГП шампионатот за оваа сезона. Возачот на Дукати, во последната трка влегува со 23 поени повеќе од Фабио Квартараро кој трката ја заврши на третото место.

Бањаја во Малезија ја забележа седмата победа оваа сезона. Италијанецот имаше одличен старт, од деветтото стигна до второто место, а на првото место се искачи на 14 круга до крајот, кога лидерот на трката Хорхе Мартин падна од својот мотор.

Еден мал дел од трката на првото место беше Енеа Бастијанини. Возачот на Фресини, на крајот заврши како втор.

Актуелниот шампион, Фабио Квартараро, исто така возеше одлична трка. Стартуваше како 12., во првиот круг дојде до шестото место, а по три круга дојде до третата позиција и се чини дека тоа е максимумот што во овој момент може да го пружи неговата Јамаха.

Место во првите десет на патеката „Сепанг“ обезбедија Безеки, Ринс, Милер, Маркез, Биндер, Зарко.

Бањаја во генералниот пласман има 258 поени, 23 повеќе од актуелниот првак Квартараро. Италијанецот со оваа победа стави една рака на шампинскиот пехар.

Последната трка во сезоната ќе се вози на 6.ноември во Валенсија.

Scroll to Top