Top Sport

Поднесена тужба против Фенати

Мото спортот се уште е во шок по скандалозниот потег на Романо Фенати, на трката во Мото2 за Големата нагрдата на Сан Марино. Фенати, по излегувањето од шестиот свиок, се обиде да стегне на кочницата на моторот што го управуваше Стефано Манци.

Поради инцидентот, 22-годишниот Фенати е суспендиран на две трки, а тимот „Маринели Снајперс“ му врачи отказ. Тука, по се изгледа нема да биде крај на проблемите за Фенти.

Во канцеларијата на јавниот обвинител во Римини била поднесена тужба за обид за убиство. Во изјавата што била доставена до обвинителот од Здружението за зачувување на животната средина и правата на корисниците и потрошувачите се наведува дека Фенати предизвикал сериозен инцидент кој ги надминува границите на спортската етика.

„Тоа што го направи Фенати може да се спореди со желбата со намера да се загрози нечии живот. Да не споменуваме дека со тоа им даде лош пример на милиони млади луѓе што ги следат трките“. се наведува во тужбата.

Здружението од судот во Римини бара да се утврди дали она што го направи Фенати може да се третира во кривичниот закон, вклучувајќи и обид за убиство, а од обвинителот бараат целиот случај да биде целосно истражен, а италијанскиот возач да биде казнет.

„Маринели Снајперс“ му врачија отказ на Фенати

Scroll to Top