Top Sport

Лук Шо ќе паузира две средби

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, поради повреда ќе ги пропушти наредните две средни на својот тим.

Шо се повреди, во неделата, на натпреварот во Лигата на Нации, помеѓу Англија и Шпанија (1:2).

Играчот на Манчестер јунајтед на почетокот на второто полувреме, по еден вообичаен фудбалски дуел со Дани Карвахал, остана да лежи на теренот, а откако неколку минути му се укажуваше лекарска помош, тој беше изнесен на носилки од теренот.

Според прогнозите, Шо, минал само со полесна повреда и нема да биде во тимот за мечот соВотфорд, в сабота и веројатно за првиот меч притив Јанг Бојс во Лигата на шампионите.

Scroll to Top