Top Sport

Тухел: Прв голман на ПСЖ е Ареола

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, истакнал дека Алфонс Ареола ќе има предност на голманската позиција пред легендарниот Џиџи Буфон. Италијанецот летово пристигна во ПСЖ од Јувентус, додека Ареола до првиот тим стигне преку клупската академија и се смета за долгорочно решение.

„Донесов решение. Алфонс знае дека тој ќе биде прв голман. Тој е дете на клубот. ПСЖ му е се и тој сака да се докаже. Тоа мораме да го почитуваме и да е обидеме да го искористиме. Мораме да бидеме горди на играчи каков што е Ареола“, рекол тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и дополнил.

„Од друга страна работите со Џиџи се поинакви. Тој му е идол на Ареола. Тој е силна личност, поради тоа мораме да бидеме внимателни со двајцата. Џиџи не е играч само за нас, тој има голем влијание врз тимот. Би можел со скрстени раце да седи на клупата, но тој тоа не го сака. Цело време комуницира со играчите, им дава поддршка, се обидува да помогне“.

Инаку, во првите две кола во француското првенство на голот на ПСЖ стоеше Буфон, а во наредните две Ареола.

Scroll to Top