Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија. Британецот, до својата четврта последовна пол-позиција на патеката во Силверстон, дојде во последниот круг кога го забележа најдоброто време 1:25.892 минути.
Актуелниот светски првак успеа да ја освои јубилејната 50.пол-позиција како возач на Мерцедес.
Зад Хамилтон, трката ќе ја стартуваат пилотите на Ферари, лидерот во генералниот пласман Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Разликите помеѓу првите тројца ветуваат крајно неизвесна трка. Фетел задоцни за 44, а Раиконен за 98 илјадити делови од секундата.
Вториот ред го комплетира колегата на Хамилтон од Мерцедес, Валтери Ботас, а во третиот ред се пилотите на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикардо.
Пласман меѓу најдобрите десет изборија двајцата возачи на Хас Магнусен и Грожан, односно Леклер на Заубер и Окон на Форс Индија.