Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Германија. Најбрзиот круг на патеката Хокенхајм, Британецот го постави на почетокот на последната сесија 1:11.767 минути. Денешните квалификации беа вистинска катастрофа за Скудерија Ферари, Фетел не постави никакво време, а Леклер не се појави во последната сесија.
Хамилтон во Германија ја освои 87 пол-позиција во кариерата. Трката до него, од првиот стартен ред ќе ја започне Макс Ферспапен од Ред Бул. Иста е поставката и на вториот ред, трет е Валтери Ботас на мерцедес, а четврти Пјер Гасли на Ред Бул.
Меѓу првите десет место на стартот изборија Раиконен, Грожан, Перез, Саинц, Хулкенберг и Лелкер.
Денешните квалификации беа вистинска трагедија за Скудерија Ферари, откако двајцата возачи Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаа сериозни проблеми.
Германецот не успеа да постави време и утре ќе стартува од последното место. Во првата квалификациска сесија, веднаш што излезе на патеката Фетел на механичарите им се пожали дека нема сила во неговиот мотор, го повикаа во гаражата, а откако не го решија проблемот, Германецот ги заврши квалификациите.
За разлика од Фетел, Леклер возеше во првите две сесии, а откако почна третата тој едноставно излезе од болидот и не се врати на патеката. Леклер трката ќе ја започне од десеттата позиција.
Трката за Големата награда на Германија ќе се вози утре со почеток во 15.10 часот.