Top Sport

Помалку квалификации, повеќе спринт трки

Наредната сезона во Формула 1 ќе има многу повеќе спринт трки, најави извршниот директор Стефано Доменикали.

Формула 1 за наредната сезона планира 23 трки, според Доменикали на седум од нив ќе се возат спринт квалификации.

„За оваа година најавивме дека ќе имаме три пробни натпреварувања за да бидеме сигурни дека имаме добар план. Спринт трките ќе останат, наша желба е тие да се возат на една третина од трките. Сакаме возачите и на поинаков начин да освојуваат бодови и тие да се возат на патеки на кои може да се направи одредена разлика“, рекол Доменикали.

Оваа сезона спринт трки се возеа во Силверстон и Монца. Овој систем на квалификации ќе биде применет и на Големата награда на Бразил.

Scroll to Top