Top Sport

Вајлдер пак го обвини поранешниот тренер за поразот од Фјури

Пред третиот меч со Тајсон Фјури, американскиот боксер Дионтеј Вајлдер уште еднаш инсистираше дека не бил нокаутиран од британскиот шампион во февруари 2020, обвинувајќи го за поразот неговиот „слаб“ поранешен тренер.

35-годишниот „Бронзен бомбардер“, Вајлдер беше декласиран од Фјури во седум рунди во Лас Вегас, и двапати беше во нокдаун пред неговиот тренер Марк Бреланд да го предаде мечот. Вајлдер во сабота ќе се врати во рингот со Фјури во обид да ја поврати ВБЦ титулата и продолжи да бара изговори за својот единствен пораз во кариерата – од тоа дека Фјури нешто му ставил во водата, до тешкиот костум пред мечот, а најчесто како виновник го посочуваше Бреланд.

„Искрено, среќен сум што ми се случи на тој начин. Покажав дека сум вистински воин и покрај сите пречки кои ги имав. Сакав да видам каков човек ќе бидам. Луѓето сакаат да го опишат тој меч како нокаут, но не беше. Тоа беше сопрен меч поради слаба личност во мојот тим која направи нешто што не требаше да направи и го фрли пешкирот. Ја завршив борбата на нозе и има разлика со нокаут. Сега, едвај чекам да го покажам тоа“, вели Вајлдер.

По мечот, Вајлдер го отпушти Бреланд и го ангажираше поранешниот противник во рингот, Малик Скот како тренер.

Scroll to Top