Top Sport

Пред 25 години Ф1 остана без Аиртон Сена

На денешен ден пред точно 25 години, на трката за Големата награда на Сан Марино, смртно страдаше легендарниот бразилски возач Аиртон Сена.

Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, за многумина најдобриот, живтото го загуби на 34-годишна возраст. Тој ден, на патеката „Енцо и Дино Ферари“, при брзнина од преку 300 километри на час, на болидот на Вилијамс откажа управувачот. Во полна брзина Сена удри во ѕидот во свиокот Тамбурело.

Ден претходно, на истата патека, за време на квалификациите, речиси на истото место смртно страдаше и малдиот Австриец Роланд Раценбергер.

Овие две трагедии, засекогаш ги сменија работите во Формула 1.

Аиртон Сена, во кариерата, победил на 41 трка, а уште 39 пати се искачувал на победничкиот пиедестал, ако дел од најдобрата тројка на трките. Освоил три шампионски титули (1988, 1990, 1991 сите како возач на Мекларен), запаметен е како кралот на квалификациските сесии. Никој како него не возел на трките во врнежливи услови.

И сега, по 24 години, многумина се прашуваат што ќе се случуваше со овој спорт, доколку не се случеше оваа трагедија. Едно е сигирно, Сена беше еден и единствен, различен од сите по начинот на возење. Некои не го сакаа, на многумина им беше идол, но едно е сигурно, беше и остана недопирлив.

Scroll to Top