Возачот на Ред Бул КТМ Тех3, Дениз Онџу, нема да вози на наредните две трки во Мото 3 шампионатот, поради инцидентот што го предизвика на Големата награда на САД во Остин.
18-годишниот возач од Турција, беше иницијатор на катастрофалниот судир, поради што организаторот реши трката да не заврши.
Она што е интересно, Онџу, го предизвика инцидентот, во третиот од петте кругови кои се возеа откако трката беше прекината.
Возачот на Гресини Џереми Алкоба имаше контакт со Онџу, кој потоа влезе во тркачката линија, тогаш на него налетаа Педро Акоста и Андре Мињо.
Среќа што ниту еден од возачите не е повреден.
Онџу поради суспензијата ќе ги пропушти трките во Италија и Португалија.