Top Sport

Премиерната пол-позиција во Мајами за Леклер

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц го освоија првиот ред, пред утрешната трка за Големата награда на Мајами. На пол-позицијата, на премиерната трка во Мајами ќе биде Леклерс.

Возачот од Монте Карло во последниот круг го постави најбрзото време 1:29.796 минути. Леклер за нецели две десетинки беше подобар од Саинц.

Од вториот ред трката ќе ја започнат пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.

Петти е Валтери Ботас на Алфа Ромео, а шести неговиот поранешен тимски колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.

Од седмото до десеттото место се Пјер Гасли (Алфа таури), Ландо Норис (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа таури) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Трката за Големата награда на Мајами ќе се вози утре од 21.30 часот по средно-европско време.

Scroll to Top