Top Sport

Сопка за Ливерпул, Тотенхем освои бод на „Енфилд“

Фудбалерите на Ливерпул и Тотенхем ремизираа 1:1 во дербито од 36. коло на англиската Премиер лига.

Тотенхем почна добро влегоа во натпреварот. Екипата на Антонио Конте имаа два добри обиди во првите 15 минути, опасни удари кон Алисон упатија Бентанкур и Кејн.

Луис Дијаз ја пропушти првата одлична можност за домаќините на крајот од половина час игра. Неговиот удар со глава го одбрани голманот на Тотенхем, Љорис.

На пет минути до крајот на првото полувреме, Ван Дајк беше највисок во скокот, шутираше добро, но немаше среќа, по неговиот удар топката ја погоди гредата. Неколку минути подоцна, играчот од средниот ред Тотехенхем Хејбјерг ја затресе стативата од голот на Алисон.

Во 56. минута, Сон го шокираше „Енфилд“. Кореецот со гол ја заврши одличната акција на Кејн и Емерсон.

Примениот гол го „парализираше“ тимот на Јирген Клоп, кој делуваше непрепознатливо во наредните дваесетина минути,кога на сцена стапи Луис Дијаз. Колумбиецот шутираше од над дваесет метри, топката го закачи Бентанкур на патот кон голот и го измами Љорис.

До крајот на натпреварот Ливерпул притискаше, постојано играше на противничката половина но промена на резулатот немаше.

По 35 одиграни натпревари, Ливерпул го дели првото место со Манчестер Сити, двата тима имаат по 83 бода, но „Граѓаните“ имаат и натпревар помалку. Тотенхем е петти со 62 бода и се уште е во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top