Мохамед Бен Сулајем, претседателот на ФИА, побара „разум“ од сите заинтересирани страни, откако „Блумберг“ објави дека Саудискиот јавен фонд (ПИФ), сопственикот на Њукасл јунајтед и на голферската ЛИВ лига, дале понуда од 20 милијарди долари да ја купат Формула 1, понуда која била одбиена од сегашните газди „Либерти медија“.
„Либерти“ платија 5 милијарди долари да ја купат Ф1 во 2017 година, но тие ја одбиле високата понуда со надеж дека растот на Ф1 ќе продолжи и во иднина. ФИА, која всушност ја издава лиценцата за спортот досег беше тивка пред објавата на Бен Сулајем.
„Како заштитници на мотоспортот, ФИА, кој е непрофитна организација, е внимателна околу наводните напумпни цени од 20 милиони долари за Формула 1. Секој потенцијален купувач треба да биде разумен и да знае дека за доброто на спортот ќе треба да дојде со јасен план, не само со куп пари. Нашата должност е да ги разгледаме сите можни опции за иднината и какв влијание тоа ќе има кон фановите на спортот“, вели Бен Сулајем.
As the custodians of motorsport, the FIA, as a non-profit organisation, is cautious about alleged inflated price tags of $20bn being put on F1. (1/3)
— Mohammed Ben Sulayem (@Ben_Sulayem) January 23, 2023