Top Sport

Промени во Хонда Ф1, Танабе на местото на Хасегава

Јапонскиот гигант Хонда потврди дека Јусуке Хасегава нема да биде лидер на Формула 1 проектот во 2018 година, како дел од промените по катастрофалните три сезони партнерство со Мекларен.

Откако се вратија како снабдувач на мотори и партнер на Мекларен во 2015 година, проектот беше одбележен со слаби преформанси и постојаност, по што англискиот тим реши да го раскине договорот предвреме и да се договори со Рено за 2018 година. Хонда потоа склучи договор со јуниорскиот тим на Ред бул, Скудерија Торо росо за следната сезона.

Позицијата на Хасегава – директор на Ф1 проектот се укинува, а сега новиот технички директор Тојохару Танабе ќе биде одговорен за Формула 1, откако претходно работеше во американскат Индикар серија. Танабе има добро познавање на Ф1, откако беше инженер на Герхард Бергер во Мекларен-Хонда на почетокот на 1990-тите, како и на Џенсон Батон во БАР-Хонда од 2003 до 2007 година.

Хасегава не си заминува целосно од Хонда, туку од 1 јануари ќе биде на позицијата главен извршен инженер.

Scroll to Top