Советникот на Рено и четирикратен светски шампион, Алан Прост открива дека францускиот тим бил подготвен да плати било каква сума за да ги обезбеди услугите на австралискиот тркач на Ред бул, Даниел Рикардо за 2019.
Австралиецот ги изненади сите кога реши да не ја прифати новата понуда од Ред бул и од следната сезона да вози за Рено, и Прост признава дека бидејќи Рено заостанува зад Мерцедес и Ферари морало да се направи радикален чекор напред.
„Секогаш кога ќе видам нешто што е потребно, јас сум тука. Мерцедес се на врвот и немаат голема мотивација. Сега е тешко да се вратиш на врвот и тоа е вистински предизвик. Нема да трошиме многу пари освен ако тоа навистина вреди, за разлика од Мерцедес и Ферари. Даниел е поскап од другите возачи, но тука парите беа оправдани. Со Нико Хилкенберг и Рикардо го имаме најдобриот возачки состав во Ф1. Тие сега се наши возачи, кои не се во сопственост на Ред бул или Мерцедес. Тоа беше вистинскиот избор“, вели Прост.