Пол Еспаргаро ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Штаерска во „кралската класа“, во Мото ГП шампионатот. Еспаргаро во својата 109 трка ја освои првата пол-позиција, воедно ова е прва пол-позиција за тимот на КТМ.
Квалификациите на „Ред Бул ринг“ донесоа неколку изненадувања, втор во квалификациите заврши Такаки Накагами на ЛЦР Хонда, а на третото место му припадна на возачот на Авинтија, Жоан Зарко.
Зарко поради казната која ја доби трката ќе ја започне од боксот, што значи дека трет на стартот ќе биде Жоан Мир на Сузуки.
Потоа следуваат Џек Милер, Маверик Вињалес, Алекс Рнс, Мигел Оливеира, Андреа Довициозо, Фабио Квартараро…