Top Sport

Радост во Монца – Леклер пред Хамилтон на тренинзите

Ако се суди според петочните тренинзи, во Монца овој викенд не очекува супер-интересна трка. Победникот од Спа, асот на Ферари Шарл Леклер беше најбрз во двете сесии, но светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес заостана само 0.068 секунди во втората сесија и постави најбрз круг на дожд, Фетел беше трет пред Ботас, додека двата возачи на Ред бул овојпат не беа далеку од најбрзите.

Во Монца тимовите ги пречекаа променливи услови со дожд во двете сесии, и Леклер и Хамилтон беа разделени со помалку од десетинка од секунда, најавувајќи интересна битка во текот на викендот во кој Ферари ќе се обиде да стигне до првата домашна победа од 2010 година.

Сувата патека на стартот на втората сесија помогна Ферари со подобрениот мотор преку Леклер да постават круг од 1:20.978, кој не успеа да биде поправен. Мерцедес не излегоа на ваквата патека, но Хамилтон беше само 0.068 секунди зад Леклер со гуми на меко на слабиот дожд.

Фетел, кој последните шест трки е зад Леклер во квалификациите, беше за две десетинки поспор од колегата, а Валтери Ботас за малку го помина Макс Ферстапен, кој најверојатно ќе стартува од последното место овој викенд поради промената на моторот на Хонда.

Scroll to Top