Top Sport

Раиконен би бил „совршен“ за Заубер

Шефот на тимот на Заубер, Фредерик Васер не ги демантираше шпекулациите дека Кими Раиконен следната сезона може да се врати во малиот швајцарски тим како замена за Шарл Леклер.

Леклер, младиот возач од Монако, е дел од возачката академија на Ферари и вози во Заубер како дел од договорот со кој швајцарскиот тим од оваа сезона настапува под името Алфа Ромео Заубер. Раиконен пак, кариерата ја почна токму во Заубер во 2001 година, освојувајќи девет поени за 10. место во генерален пласман.

„Нормално, го сакам најдобриот возач во болидот и тоа е најважно за тимот. Секако, подобро е во тимот да имаш светски шампион. Сепак, тоа што Раиконен беше дел од Заубер нема да има врска со одлуката. Нема да го избереме само бидејќи пред 10 или 15 години возел во тимот“, изјави Васер.

Scroll to Top