Top Sport

Раиконен не сфаќа зошто имал толку фанови во Ф1

Кими Раиконен вели дека не сфаќа зошто станал еден од најомилените Формула 1 возачи кај фановите, иако признава дека е можно тоа да се случи бидејќи бил „постојано чуден“.

42-годишниот светски шампион од 2007 година, стави крај на својата богата кариера на крајот на минатата сезона и веќе нема планови за тркање туку сака да помине повеќе време со своето семејство. Во интервју за „Моторспорт.цом“, Финецот вели дека не му целосно јасно зошто толку фанови го сакале.

„Не знам зошто им се допаѓам. Можеби поради тоа каков сум. Постојано чуден, како сакате да го опишете тоа. За мене тоа е нормално однесување, но однадвор можеби бев чуден и не за секого. Но, ја направив кариерата според мои очекувања, во поголемиот дел.“, вели Раиконен.

Тој додава дека поголем проблем ќе му било да се однесува како што сакале другите, отколку да го заддржи својот имиџ.

„Можеш да го правиш тоа што луѓето го бараат од тебе, или што сакаат да го правам, но само одредено време. Но, не мислам дека е здраво на подолги патеки“, додава Раиконен.

Scroll to Top