Top Sport

Алегри доби „златен тапир“, но не зборуваше против Јуве

Масимилијано Алегри е добитник на наградата „Златен тапир“, која сатиричната ТВ емисија „Стриша ла нотиција“ ја доделува на тие кои биле поразени или понижени во последно време, но  тој ја прими со насмевка и со најава дека Јувентус ќе го заменат со „голем тренер“.

„Поминаа пет години во градење на овој Јуве, но тоа е тоа. Животот продолжува, доаѓа и си оди. Сега си одам дома, а потоа ќе направам мала пауза на море. Не знам кој ќе ме замени, но Јуве ќе изберат голем тренер, бидејќи се голема компанија. Поминав пет години со прекрасна љубов“, изјави Алегри.

Инаку последните неколку дена, и други италијански спортисти добија „златен тапир“ – капитенот на Рома, Даниеле де Роси откако „волчицата“ не му го продолжи договорот, како и Ферари, кои го доживеаја петтиот пораз во петтата овогодишна Ф1 трка.

Алегри доби отказ

Scroll to Top