Ф1 ветеранот, Кими Раиконен смета дека спортот изгледа „смешен“ кога одложува трки поради временските услови и вели дека е потребно како на стартот на неговата кариера, без разлика на дождот или лошото време, трките да се оддржат.
Ова доаѓа откако тајфунот Хагибис се заканува на Јапонското ГП овој викенд, посебно на саботните квалификации, со што се стравува дека ќе има одложувања на трката.
„Навистина ќе изгледа многу лошо и смешно ако откажеме трка поради дожд. Знаеме колку се лимитирани нашите гуми и со малку дожд има многу лизгање и ние немаме контрола на тоа како се одвиваат работите. Кога почнував в со Ф1, имаше трки во кои имаше силен дожд и никогаш немаше проблеми. Не е убаво кога има вода на патеката, но ќе биде смешно ако немаме трка“, вели Раиконен.