Top Sport

Расел на пол-позицијата во Барселона, Леклер заврши во заштитната ограда

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“.

Британецот стигна до најдобрата стартна позиција со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Седумкратниот првак, прв пат ќе стартува од првиот ред како возач на Ферари.

Најблиску до најбрзите двајца беше лидерот во генералниот пласман Андреа Кими Антонели, кој беше три десетинки од секундата зад тимскиот колега Расел.

Квалификациите беа обележани и со прекин во последниот дел предизвикан од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Возачот од Монте Карло ја изгуби контролата врз задниот дел од автомобилот, се обиде да ја исправи грешката, но тоа предизвика да се изврти и да удри во заштитната ограда. Затоа, Леклер ќе стартува од 10-та позиција.

До Антонели, трката ќе ја започне бранителот на титулата, Ландо Норис, а зад него е Макс Ферстапен на Ред Бул. Во Топ 10 се и Исак Хаџар (Ред Бул), Оскар Пјастри (Мекларен), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Нико Хулкенберг (Ауди) и Шарл Леклер (Ферари).

Трката за Големата награда на Шпанија, утре ќе започне во 15 часот.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');