Британецот, Луис Хамилтон, доби расистички навреди, по вчерашниот контроверзен триумф на трката за Големата награда на Велика Британија.
Седумкратниот светски шампион, до 99.победа во кариерата, дојде во драматичен финиш, откако ја надополни казната од 10 секунди, поради инцидентот во кој учествуваше заедно со Макс Ферстапен. Холанѓанецот од Ред Бул, излета од патеката, го уништи болидот и на крајот заврши во болница на дополнителни прегледи.
Коментарите кои се однесуваат на победата на Хамилтон одат од крајност во крајност. Од восхит за победата, до омаловажување на неговиот успех. Дел од ваквите коментари содржат и расистички навреди, бидејќи се испратени со емотикон на мајмун.