Top Sport

Ред бул го отпуштија возачот кој користел расистички израз играјќи „Кол оф дјути“

Ред бул рејсинг му го раскинаа договорот на својот јуниорски и повремен тест-возач, Јури Випс, откако 22-годишниот естонски возач имаше расистички испад при играње на „Кол оф дјути“ во видео кое се појави на платформата „Твич“.

„По истрагата околу онлајн инцидентот во кој беше вклучен Јури Випс, Ред бул рејсинг му го раскинаа договорот како јуниорски и тест-возач. Тимот не одобрува никакви изрази на расизам“, се вели во објавата на Ред бул.

Випс беше дел од академијата на Ред бул од 2019 година и беше замена за Макс Ферстапен и Серхио Перез, а на Шпанското ГП во мај возеше една тренинг-сесија. Дали тој ќе остане во Формула 2 шампионатот останува неизвесно.

Ред бул го суспендираа својот тест-возач за користење на расистички израз во „Кол оф дјути“

Scroll to Top