Top Sport

Ред Бул го потврдија Албон за наредната сезона

Ред Бул потврдија дека Александер Албон ќе му биде клупски колега на Макс Ферстапен во 2020 година.

Момчето од Лондо кој вози под знамето на Тајланд некаде на средина од оваа сезона го замени Пјер Гасли во Ред Бул.

„Возбуден сум што ќе му бидам партнер на Макс наредната година. Им благодарам на ред Бул што веруваат во мене. Се надевам дека во 2020 година ќе бидам уште подобар“, рекол Албон.

Албон за Ред Бул дебитираше во Белгија, а до трката во Мексико седум пари избори пласман меѓу најдобрите шест возачи.

Во исто време потврдено е дека Пјер Гасли ќе остане и наредната година во Торо Росо.

За наредната година останува нејасно кој ќе го заземе местото на Робрт Кубица во Вилијамс.

Scroll to Top