Top Sport

Роналдо ќе мора да се правда пред клупските челници

Челниците на Јувентус ќе побараат од Кристијано Роналдо да го оправда своите постапки по натпреварот со Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Португалецот беше заменет во 55 минута, а три минути пред крајот на натпреварот го напуштил стадионот.

Подоцна, на конференцијата за новинарите, тренерот Маурицио Сари рекол дека нема да има санкции за најголемата ѕвезда во тимот.

Сепак Роналдо ќе мора да одговри на прашањата на челниците Павел Педвед и Фабио Паратичи. Според некои медиуми тие ќе побарале од него да им се извини на соиграчите.

Овој разговор ќе биде обавен откако Роналдо ќе се врати во Торино. Португалецот се наоѓа на подготовки со својата репрезентација.

Медиумите шпекулираат дека Недвед и Паратичи само ќе го предупредат Роналдо, односно клубот нема да го казни.

Scroll to Top