Ред бул рејсинг ја претставија својата нова машина за новата ера во Формула 1, презентирајќши го РБ18 болидот, кој ќе го носи бројот 1 на Макс Ферстапен, актуелниот светски шампион.
Тимот исто така и официјално го смени името и од оваа сезона ќе биде познат како Оракл Ред бул рејсинг по засилувањето на партнерството со американската мултинационална компанија за компјутерска технологија. Ред бул претходно неколку пати посочија дека Оракл биле клучни при освојувањето на титулата во 2021, зголемувајќи го бројот на симулации на трки за 1.000, со што можело да се направи вистинска стратегија.
Сезоната 2022 носи предизвици за сите тимови поради воведувањето на 18-инчните гуми и голем број на промени во аеродинамичките правила, така што за Ред бул ќе биде предизвик да се остане на врвот во борба со лутите ривали од Мерцедес.
Ready to send it ? Bringing in a whole new era of #F1 with our fans ? pic.twitter.com/jtpBptQmCJ
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 9, 2022