Top Sport

Ред Бул и Торо Росо со посилни мотори ќе возат во Азербејџан

Техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе информираше дека болидите на Ред Бул и на Торо Росо во Формула 1 на трката во Азербејџан ќе бидат со нови, поиздржливи мотори.

„Клучните карактеристики на трасата во Баку се многу долги сегменти, повеќе од два километри и многу се врти во 90 степени. За да се постигне ефикасна работа на сите системи на машината ќе го користиме искуството од минатата година“ рече Танабе.

Тој смета дека втората верзија на мотор со внатрешно согорување е одличен ресурс, дава подобра сигурност и мало зголемување на моќноста.

Пилотите Макс Верстапен и Пјер Гасли ќе го добијат вториот мотор во своите болиди, а за Даниел Квјат и Александар Албон ова ќе е веќе трет мотор иако е почеток на сезоната.

Scroll to Top