Top Sport

Луда случка во Русија – постигна гол, но и погоди гулаб (видео)

Рускиот фудбалер на Шиник Јарославл, Валериј Цховребов успеа да направи неверојатен „подвиг“ погодувајќи гулаб со својата топка во меч од руската втора лига против Тјумен.

Мечот беше прекинат неколку минути откако дефанзивецот на Шиник ја шутна топката високо и ја погоди птицата која беше високо над нив. Гулабот остана на тревата неколку минути, пред да одлета, јавуваат руските медиуми. Според Шиник, птиците биле привлечени на стадионот откако била посадена нова трева околу стадионот.

Иронично, Цховребов потоа го постигна и единствениот гол на мечот за 1:0 победа.

Scroll to Top