Top Sport

Мајката на Дончиќ и однесе вредни подароци на мајката на Дражен (фото)

Музејско-меморијалниот центар Дражен Петровиќ од денеска е пободат за два нови вредни експонати, пренесуваат хрватските медиуми.

Мирјам Потербин, мајката на НБА-ѕвездата од Словенија, Лука Дончиќ е во Загреб каде се сретна со Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот кошаркарски витруоз, Дражен Петровиќ. Мајката на словенечкиот ас и подари на Петровиќ два дреса, едниот на Лука, а другиот на неговиот клупски колега, Дирк Новицки.

„Наследниците на Дражен. Благодарност до Дирк Новицки и Лука Дончиќ, а посебно до неговата мајка Мирјам Потербин на нејзината аквизиција“ – стои на службената страница на музејот.

Мајката на Лука изјавила дека многу ја почитува мајката на Дражен посебно за се тоа што го прави за неговиот музеј.
Бисерка Петровиќ, пак, била воодушевена од гестот и рекла дека покрај дресот на Мајкл Џордан, ова претставува врв.

Scroll to Top