Top Sport

Ред бул: Казната е драконска и ќе не успори половина секунда следната сезона

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер смета дека ФИА им дала „екстремно драконска“ казна за пречекорување на буџетот во 2021 и дека тоа ќе има драматично влијание на борбата за титулите во следните две сезони, и објасни дека надминувањето на буџетот за 1.846.000 фунти не било клучно за двете титули на Макс Ферстапен.

ФИА ги казни Ред бул со 7 милиони долари, но и со намалување на 10 отсто на тестирањето во воздушните тунели во следните 12 месеци, нешто што според Хорнер ќе им наштети на нивните болиди за половина секунда по круг. Според него, самата ФИА потврдува дека со даночните ослободувања во Велика Британија тие го надминале буџетот за само 432.652 фунти.

„Престап од 0.37 отсто, за таква сума зборуваме. Ни дадоа значителна казна, и финансиска и спортска, бидејќи 7 милиони долари се многу пари. Најдраконска е спортската казна со 10 отсто намалување на воздушниот тунел и аеродинамичките алатки. Слушнав коментари дека се работи за незначително намалување на тестирањето, но тоа ќе не чини од четвртина до поовина секунда по круг. Тоа стапува во сила сега и ќе има директно влијание на болидот за 2023. Покрај тие 10 отсто, како светски шампиони ќе имаме 5 отсто хендикеп во однос на второпласираните и третопласираните“, вели Хорнер.

Тој исто така даде детали за спорните моменти со ФИА, вклучувајќи го фактот што тимот обезбедува бесплатна храна и пијалоци за своите вработени, со што целата сметка за ова морала да биде вклучен во буџетот. Тој додава дека тоа што се договориле со ФИА не значи признание на вина.

„Прифаќаме дека овој сет на правила се незрели, дека постојат интерпретации и дека оваа администрација на ФИА ги наследи тие правила. Ако решевме да одиме на жалба, тогаш процесот ќе се влечеше месеци и потоа ќе одевме на Интернационалниот спортски суд, период од најмалку 12 месеци, во кои ќе има шпекулации и сметавме дека тоа не е во интерес на спортот. Ние ја затвараме книгата тука и со незадоволство ги прифаќаме казните. Дали треба да се извиниме? Искрено, дел од ривалите треба да ни се извинат нас за работите кои ги кажаа. Нема извинување за нашите перформанси, за тоа како се однесувавме. Ќе го прифатиме овој удар и ќе ја научиме лекцијата. Затоа нема потреба за извинување“, вели Хорнер.

Ред бул поминаа само со казна од 7 милиони долари за пречекорување на буџетот

Scroll to Top