Top Sport

Звезда го „собори“ Баерн, турското дерби за Фенербахче

Црвена звезда, конечно, ја оствари првата победа во новата сезона од Евролигата, оставајќи го Баерн Минхен без победа по 78:72 триумфот на домашен терен.

По четири порази во низа на стартот на сезоната, новата ѕвезда на белградскиот клуб, Лука Вилдоза блесна со 20 поени и 6 асистенции за го предводи тимот до важна победа. Звезда имаше неверојатен старт со 24 поени во првите шест минути, но во втората третина, Баварците се вратија и не дозволија српскиот клуб бргу да направи глема предност.

Баерн останува единствениот тим кој нема победа во Евролигата по пет кола. Касиус Винстон имаше 18 поени, а Владимир Лучиќ додаде 12 поени за германскиот тим.

Во истанбулското дерби пак, Фенербахче стигна до 88:78 победа над Анадолу Ефес за да ја забележат својата деветта победа на стартот на оваа сезона, вклучувајќи и петта во низа во Евролигата. Скоти Вилбекин беше фантастичен со 25 поени, вклучувајќи ја тројката во финишот на мечот во „Синан Ердем доум“. Марко Гудуриќ имаше 19 поени откако постигна пет тројки, а Фенер заврши со 14 тројки од 26 обиди.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО
Црвена звезда – Баерн Минхен 78:72
Анадолу Ефес – Фенербахче 79:88

Scroll to Top