Top Sport

Ред бул ќе го заменат Рикардо со Пјер Гасли

Ред бул рејсинг потврдија дека Пјер Гасли ќе биде нивниот возач за 2019 година како партнер на Макс Ферстапен по шокантната одлука на Даниел Рикардо да замине во тимот на Рено.

Французинот Гасли беше еден од возачите кои најмногу изненадија оваа сезона, со најдобар пласман на четвртото место во Бахреин со Торо росо, откако лани возеше на само четири трки како замена за Русинот Данил Квјат.

„Пјер дојде во Формула 1 со Торо росо пред помалку од една година, но покажа дека е огромен талент кој Ред бул го поддржува во текот на целата кариера. Тој ја потврди репутацијата на еден од највозбудливите млади возачи и му посакуваме добредојде во нашиот тим“, изјави Кристијан Хорнер.

Со оваа двојка, Ред бул ќе има екстремно млад тим (Гасли има 22, Ферстапен има 20). Плус за Гасли е тоа што тој има искуство со Хонда, чии мотори од следната година ќе ги користи Ред бул. Французинот настапуваше во Супер Формула со Хонда неколку сезони.

Фото: ЕПА

Scroll to Top