Откако ФИА во понеделникот, еден ден откако Макс Ферстапен по вторпат беше крунисан за светски шампион, го објавија финансискиот извештај за сезонт 2021, во кој потврдија дека Ред бул „минорно“ го надминале ограничениот буџет, по што ќе следува казна, но не и одземање на трофеите од 2021. Сега, германскиот магазин „Ауто мотор унд спорт“ тврди дека тие му дале на Адријан Њуи, нивниот главен дизајнер, договор на дело за неговата плата да не биде вклучена во финансискиот извештај.
Ограничувањето на трошоците на 145 милиони долари беше договорено уште во 2019 година, а воведено минтата сезона, за да се намалат огромните трошоци кои Формула 1 ги носи со себе. Во овој буџет се ограничени средствата кои ќе се трошат на развојот и на транспортот и поправките на болидите, што ги вклучува и платите кои ги добиваат инженерите и механичарите.
Сепак, Ред бул нашле „дупка“ во правилата со која надворешните соработници на тимот не се вклучени во оваа пресметка, и според „Ауто мотор унд спорт“, затоа му дале на Адријан Њуи, славниот дизајнер на болиди кој освојуваше титули и со Вилијамс и Мекларен, таков договор.