Светската автомобилистичка федерација (ФИА) повторно ќе го разгледува контроверзниот судир помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен од Британското ГП, откако Ред бул официјално побара преглед на инцидентот.
Двајцата возачи, заедно со претставниците на Ред бул и Мерцедес се повикани кај стјуардите пред Унгарското ГП овој викенд во четврток, каде што ќе се утврдува дали на Хамилтон му следува поостра казна од таа од 10 секунди која ја доби за инцидентот. Официјално, според регулативите, за да се разгледува случајот повторно, потребни се нови докази, и се верува дека Ред бул имаат снимки и податоци кои ја покажуваат вината на светскиот шампион.
Покрај тоа, Ред бул го посочуваат фактот што Хамилтон влегол во кривината Корпс најбргу во споредба со сите преостанати 51 кругови на трката, и дека тоа влијаело на неизбежноста на судирот.
Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер го нарече Хамилтон „очаен и опасен“ за потегот, предизвикувајќи го судирот кој ги чини Ред бул 1.8 милиони долари.
Покрај ова, се појави и нова снимка и реконструкција на инцидентот, во кое е очигледно дека Ферстапен се обидел да го избегне контактот, но дека тоа било невозможно да се направи.