Top Sport

Ред бул подготвуваат нов болид за Макс и ветуваат: Нема да правиме нефер работи

По контроверзното Саудиско ГП во Џеда минатиот викенд, и по сите обвинувања за прекршувања на правилата, за кои на крајот беше казнет само Макс Ферстапен, во Ред бул подготвуваат нова верзија на нивниот болид на последната трка од сезоната во Абу Даби, и во исто време ветуваат дека нема да користат „нефер“ тактика.

Пред последната трка од сезоната, Ферстапен и Хамилтон се израмнети по бројот на поени на врвот на табелата, но Макс има 9 победи во споредба со 8-те на Хамилтон, што значи дека ако двајцата возачи не ја завршат трката, титулата ќе се слави во Ред бул. По ова почнаа некои невкусни предвидувања дека Ферстапен ќе се удри во Хамилтон на стартот на трката, но советникот на тимот, Хелмут Марко вели дека нема да има такви „глупости“.

„Се надевам дека тажната епизода од Саудиска Арабија е завршена и сега гледаме напред. Сакаме да победиме во Абу Даби и да ја освоиме титулата. Ќе дадеме максимум да го оствариме тоа, но нема да има нефер активности. Веќе во Саудиска Арабија имавме иста брзина со Хамилтон, а патеката во Абу Даби треба да ни одговара повеќе“, вели Марко.

По трите победи во низа на Хамилтон, јасно е дека Мерцедес фантастично си ја завршиле работата, иако тврдеа дека подолго време не го развиваат болидот, и сега од Ред бул стигнува одговор дека за последната трка ќе има одредени подбрувања на болидот, откако Серхио Перез го возел експерименталниот под на болидот во Саудиска Арабија. Со ова подобрување би се зголемила надолната сила на рамните делови и ќе се добие поголема максимална брзина.

Scroll to Top