Top Sport

Крос со „голчиште“ ги стресе Интер, Суарез се повреди за Атлетико, Милан поведе против Ливерпул!

Тони Крос не постигнува многу голови во својата кариера, но кога ќе даде гол, тогаш е нешто навистина посебно. Германскиот ветеран на Реал Мадрид го покажа тоа на вечерашниот дуел со Интер, кога во 17. минута од мечот на „Сантијаго Бернабеу“ постигна прекрасен гол за водство на „кралевите“ во борбата за првото место.

На другиот клуб од шпанската престолнина, пак им претстои тешка задача – тие мораат да победат на гостувањето кај Порто за пласман во осминафиналето, а веќе во 13. минута останаа без Луис Суарез, кој се пожали на повреда и беше заменет. Моменталното 0:0 реми на Порто и Атлетико, најмногу му одговара на Милан, кои поведоа против Ливерпул на „Сан Сиро“ со голот на Фикајо Томори во 29. минута од мечот – погледнете го ТУКА.

Scroll to Top