Top Sport

Ред бул подготвуваат „спектакуларни“ подобрувања за Имола!

Иако според многумина, веќе го имаат доминантниот болид во Формула 1 оваа сезона, Ред бул рејсинг на втората трка од сезоната, следната недела во Имола, ќе донесат големо решение за подобро управување со новите гуми на Пирели, тврди „Моторспорт.ком“.

„Бикот“ веќе беше најбрз на првата трка од сезоната во Бахреин, но победата отиде кај светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес по трилер-битката со Макс Ферстапен, и во Ред бул знаат дека мораат да го оддржат темпото на развој доколку сакаат битката да биде рамноправна.

Според „Моторспорт“, Ред бул има посебна задна суспензија која ги симулира однесувањето на задните гуми. Според правилата, модификацијата на задните тркала е забранета, но се верува дека Ред бул имаат пронајдено решение за овој проблем, односно со флексибилноста на одредени делови на болидот и електронско подесување на диференцијалот, моторот и сопирачките, може да го сменат аголот на задните тркала, посебно при влегување во кривини.

Засега, ова останува шпекулација, но извештајот и деталното техничко објаснување изгледаат веродостојни.

Scroll to Top