Top Sport

Ред бул потврдија контра-протест доколку Мерцедес протестира во Баку

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко потврди дека неговиот тим ќе поднесе контра-протест против Мерцедес доколку шефот на „сребрената стрела“ Тото Волф протестира за задното крило на Ред бул пред Азербејџанското ГП.

Војната на зборови меѓу двата ривали за светската титула ескалира во последните недели, откако прво следуваше „врбување“ на голем број на вработени во Мерцедес во новиот проект на Ред бул за развој на моторите, а откако ФИА со техничка директива реши да ги оневозможи флексибилните крила на болидот на Ред бул од 15 јуни, се веруваше дека ситуацијата се смирува.

Меѓутоа, Мерцедес најавија протест на Азербејџанското ГП следниот викенд, по што Ред бул одговорија со најава за протест за флексибилното предно крило на болидот.

„Заканата на Мерцедес е навистина чудна. ФИА ги одреди правилата за тестирањето, но тоа се случува од трката во Пол Рикар натаму. Регулативите се јасни и РБ16Б е ист како другите болиди, одобрен од ФИА. Доколку тие навистина протестираат и ние ќе го направиме истото за нивниот болид, за кој има повеќе докази“, вели Марко.

Видео-доказ дека крилото на Мерцедес се „витка“ повеќе од тоа на Ред бул

Scroll to Top