Светската автомобилистичка федерација (ФИА) потврди дека тимот на Ред бил имал „минорно“ пречекорување на ограничениот буџет минатата сезона (2021), додека тимовите на Астон Мартин и Вилијамс, пак, имаат „престап на процедурите“.
Шпекулациите околу пречекорување на буџетот од 145 милиони долари за 2021 година беа огромни последните две недели, со тврдења дека Макс Ферстапен може да ја загуби својата прва титула, а ФИА само додаде „масло на огнот“ со одложувањето на финансискиот извештај.
Казната која Ред бул рејсинг ќе ја добие уште не е позната, но „минорно“ пречекорување е нешто што е под 5 отсто од буџетот (7.25 милиони долари), бидејќи над 5 отсто според правилата на ФИА се смета за „материјално пречекорување“, кое носи драстични казни, како одземање на поени или исклучување од шампионатот.
„Администрацијата за ограничување на буџетот издаде сертификати за 7 од 10-те Формула 1 тима. ФИА ги разгледува опциите за Астон Мартин и Ред бул, за што ќе има ополнителни информации. ФИА сака да забележи дека во првата година на ограничување на буџетот, ФИА беше ограничена на разгледување на документите од тимовите и дека нема целосна формална истрага“, се вели во објавата на ФИА.
Ривалите на Ред бул, Мерцедес и Ферари сигурно нема да бидат задоволни од овој исход, откако двата тима јавно бараа казна за тие кои ќе потрошат премногу.