Top Sport

Рели шампионатот ќе продолжи во септември

Светското првенство во рели ќе продолжи во септември објави ФИА. Поради коронавирусот сезоната беше прекината по само три извозени трки. Ре-стартот на сезоната ќе се случи во Естонија.

Прв пат во историјата Естонија ќе биде домаќин на најдобрите рели возачи. Релите на програмата ќе биде од 4 до 6 септември.

ФИА најави дека до крајот на сезоната ќе се возат уште најмалку пет трки, по трката во Естонија планирани се трките во Турција (24-27 септември), Германија (15-18 октомври), Италија (29 октомври-1 ноември) и Јапонија (19-22 ноември).

Трките во Белгија (2-4 октомври) и Хрватска остануваа опции за дополнување на календарот.

ФИА соопшти дека оваа година нема да се вози трката во Аргентина.

Scroll to Top