Тимот на Рено го претстави својот нов болид за 2019 година, од кого имаат многу очекувања и кој ќе биде во способните раце на Нико Хилкенберг и новото засилување Даниел Рикардо, кој доаѓа од Ред бул, каде што помина повеќе од една деценија како јуниор.
Рено РС19 повторно е во традиционалната темно жолто-црна комбинација, но овојпат со очигледно потемен дизајн, но уште поважно е тоа што е внатре во болидот, откако се верува дека францускиот автомобилистички гигант потроши многу пари да се доближи до водечкото трио Мерцедес/Ферари/Ред бул веќе во 2019 година, откако лани завршија на четвртото место.
„Како тим, се развивме толку многу од почетокот на 2017 година и тоа е само процес од нашата главна цел – освојувањето на титулата. Кога пристигнав тимот беше млад, но сега сме толку напред“, вели Хилкенберг.
Рикардо, пак, вели дека сака да донесе нова енергија во тимот.
„Сакам да бидам катализатор за позитивни промени. Секогаш е возбудливо кога има нов Ф1 болид пред новата сезона, но оваа година е нешто посебно за мене, бидејќи речиси сè е ново“, вели Рикардо.
1977 to 2019. Every line. Every curve. Using the most advanced technology available, and improving year on year. Breaking new grounds. All leading to today.
Here is the 2019 Renault F1 Team challenger. Here is the R.S.19.? in partnership with @Microsoft#RSspirit pic.twitter.com/4axmZVAe0Y
— Renault F1 Team (@RenaultF1Team) February 12, 2019