Двата болиди на Рено се дисквалификувани од Јапонското ГП откако истрагата на ФИА покажа дека тие користеле нелегален систем на сопирачки, што значи дека поените на Даниел Рикардо и Нико Хилкенберг се отстранети. ФИА реши да реагира по протестот на тимот на Рејсинг поинт.
„Системот на сопирачки на Рено се однесуваше како помагало на возачите со тоа што возачот не мораше да ги прави подесувањата во текот на еден круг. Стјуардите оценија дека се работи за целосно нелегален систем кој се коси со регулативите“, се вели во извештајот на ФИА.
Рикардо беше шести на трката, а Хилкенберг четврти. Од Рено најавија дека нема да се жалат на одлуката.