Top Sport

Тотенхем славеа во дербито на северен Лондон

Тотенхем го победија Арсенал 2.1 во дербито на северен Лондон кое се одигра во 35 коло во Премиерлигата. Со оваа победа на три кола до крајот на сезоната Тотенхем го прескокна Арсенал на табелата и со 52 бода се наоѓа на осмото место.

Исклучително квалитетниот натпревар на стадионот на Тотенхем го обележа голот на Александар Лаказет и катастрофалната игра на тројцата од последната линија на Арсенал.

Францускиот репрезентативец Лаказет во 16 минута од 20 метри испрати бомба која ја скина мрежата на голот кој го бранеше Иго Љорис.

Предноста на Арсенал траеше само 137 минути кога Колашинац лошо ја врати една топка кон Давид Луиз, Сон го пресече додавањето, а потоа рутински го совлада одличниот Мартинез.

До крајот на полувремето Тотенхем може да направат целосен пресврт меѓутоа ударот на Бен Дејвис од 25 метри заврши во гредата.

Арсенал во второт полувреме имаа две одлични шанси преку Обамејанг. Габонецот во првата ситуација ја погоди гредата, а во втората Љорис го одбрани неговиот удар. Тотенхем имаше неколку обиди преку Кејн и Сон.

Конечниот резултат на натпреварот го постави Тоби Алдервирелд во 81 минута.

Scroll to Top