Top Sport

Респектот е взаемен – за Ферстапен Алонсо е еден од најдобрите

Макс Ферстапен подолго време добива пофалби за неговиот фантастичен стил на возење и брзина, и по победата на Бразилското ГП, возачот на Ред бул реши да подели комплимент на еден поранешен светски шампион, Фернандо Алонсо.

Шпанецот, кој лани се повлече од Ф1 неодамна изјави дека „нема подобар возач во моментов од Макс Ферстапен“, и сега тој доби пофалба од младиот возач. Ферстапен и Алонсо имаа четири заеднички сезони, но не добија шанса за вистинско тркање – Ферстапен беше во посилниот Ред бул, додека Алонсо се мачеше со Мекларен.

„За мене, Фернандо останува еден од најдобрите возачи на светот и вистинска штета е што не можевме да се бориме на патеката, бидејќи тој немаше конкурентен болид. Хамилтон, Фетел и Леклер се добри возачи со поинакви стилови, но Алонос беше посебен. Да се врати Фернандо во еден од врвните тимови веднаш ќе биде конкурент за титулата. Понекогаш е до возачот, а понекогаш до лошата среќа. Тој беше најдобар, но секогаш во погрешен тим“, вели Ферстапен.

Scroll to Top