Top Sport

Откажан документарецот за Шуми поради „чувствителен“ материјал

Планот за објавување на документарниот филм за животот на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер е одложен поради „чувствителниот“ материјал кој се најде во првата верзија и поради кој семејството на Германецот реши да побара промени.

Планот за објавување на филмот како дел од прославата на 50-тиот роденден на Германецот и 25-годишнината од неговата прва титула беше објавен во мај, но филмот нема да се појави во декември.

„Режисерите и продуцентите сакаат повеќе време да го комплетираат филмот поради големиот материјал и чувствителноста на соддржината“, објави продуцентската куќа „Б/14 филм“ за „Билд“.

Беше најавено дека во филмот ќе има досега необјавени снимки од семејството, но јасно е дека последниот бор ќе го има 50-годишната сопруга на Шумахер, Корина и таткото Ролф, кои по несреќата во декември 2013 прават сè што е можно да ја заддржат приватноста на Германецот.

Шумахер доби сериозни повреди на главата и мозокот при падот на скијањето на Француските Алпи, но фановите добиваат минимални вести за неговата здравствена состојба. 20-годишниот син на Шумахер, Мик веќе настапува во Формула 2 шампионатот, додека 22-годишната ќерка Џина-Мари се натпреварува во коњички натпревари. Корина вели дека постапките се за доброто на Михаел.

„Тој е во најдобри раце во моментов и сите правиме сè што е возможно да му помогнеме. Но, морате да сфатите дека ја следиме неговата желба со тоа што неговата здравствена состојба не ја објавуваме на јавноста“, изјави Корина Шумахер во интервју за магазинот на Мерцедес.

Scroll to Top