Top Sport

Рикардо би можел да се врати во Ред Бул

Австралиецот Даниел Рикардо ги вози своите последни трки во Формула 1. Рикардо не ги оправда очекувањата во Мекларен поради што тимот не му понуди нов договор. За наредната сезона слободно место има само во Хас, но американскиот тим не е заинтересиран за искусниот Рикардо.

Се очекуваше Рикиардо да направи „пауза“ од Ф1, а исто така беше спомната и конкуренцијата во Индикар што беше брзо демантирана.

Наместо тоа, медиумите пишуваат дека Рикиардо би можел да се врати во Ред Бул. тимот во кој настапуваше четири сезони.

Овој пат не би му бил колега на Ферстапен, бидејќи Перез има договор, туку Австралиецот би ја извршувал функцијата резервен возач и тест-возач за австрискиот тим.

Се очекува во наредните денови Ред Бул да се огласи по овие пишувања на медиумите.

Scroll to Top